Роналдо: Ми фалат свирењата од трибините на противничките навивачи

Како вистински капитен, Кристијано Роналдо ја предводеше Португалија до победа од 2:0 на гостувањето кај Шведска во второто коло од Лигата на нациите. Двата погодци беа актрактивни, а посебно важен беше првиот од слободен удар затоа што тоа беше и јубилеен 100-ти погодок за Роналдо во репрезентативниот дрес. Тој е првиот европски фудбалер кој има троцифрен број голови за националниот тим.

Шведска е една од најомилените селекции за Роналдо. Во четири меча против овој ривал, Роналдо има дадено вкупно седум голови. Португалецот вели дека му е жал што на трибините нема гледачи затоа што му фалеле свирежите и негодувањата од противничките навивачи.

„Кога играм на гости, сакам да ми негодуваат навивачите затоа што тоа ми дава сила. Затоа ми недостасуваат противничките фанови, но здравјето е поважно од сè и ако поради корона-вирусот не смееме да играме пред полни трибини, за жал, тоа е затоа што мора да биде така“, рече Роналдо.

 

- Оглас -

Најнови вести