Роналдо може да биде казнет за во четвртфиналето од ЛШ

Европската фудбалска федерација (УЕФА) отвори постапка против Кристијано Роналдо поради начинот на којшто Португалецот го прослави третиот погодок во победата на Јувентус против Атлетико Мадрид. Роналдо постигна хет-трик и беше херој на Јувентус, кој првпат анулираше негатива од 0-2 на противник во еден дуел од нокаут-фазата од ЛШ.

Роналдо се израдува речиси на идентичен начин на којшто тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го прослави вториот погодок на „јорганџиите“ постигнат на првиот меч во Мадрид. Поради таквиот начин на радост, Симеоне доби парична казна од УЕФА, но сепак не и забрана за водење на својот тим.

Сега шпекулациите се дека Роналдо бидејќи имал намера да го имитира Симеоне, може да добие и подрастична казна, односно дури се спомнува и суспензија од еден меч, што значи дека не би играл во првата средба од четвртфиналето.

Симеоне веднаш го коментираше потегот на Роналдо. Стратегот на Атлетико рече дека сосема го разбира Португалецот за тоа што го направи.

- Оглас -

Најнови вести