Роналдо му ја препуштил наградата на Левандовски?

Роберт Левандовски вчера беше прогласен за најдобар фудбалер во 2020 година според „Глоуд сокер авордс“, додека на Кристијано Роналдо му припадна одличјето за најдобар фудбалер во 21-виот век.

Португалецот наводно имал најмногу гласови од страна на фановите и стручното жири за да ја добие наградата за најдобар играч за оваа година, но сепак одлучил наградата да му ја препушти на бомбардерот на Баерн Минхен.

Роналдо одбил да ја прими наградата од почит кон Левандовски бидејќи Полјакот блескаше во текот на изминативе 12 месеци и со Баерн освои сè што можеше да се освои. Асот на Јувентус заедно со својот агент Жорж Мендеш сметале дека не би било праведно само поради својата популарност Роналдо да биде прогласен за најдобар играч во 2020 година.

Доколку ова е вистина, Роналдо се покажа како вистински џентлмен и голем спортист.

 

- Оглас -

Најнови вести