Роналдо му се налути на Сари, тренерот објасни зошто го замени Португалецот

Јувентус си ја заврши работата откако со 2:1 славеше на гости кај Локомотив Москва и на тој начин си обезбеди место во нокаут-фазата од Лигата на шампионите. Старата дама стигна до победата со гол во 93-тата минута, кога погоди Даглас Коста, а во тие моменти на теренот го немаше Кристијано Роналдо.

Португалецот беше заменет во 80-тата минута, а на негово место во игра влезе Пауло Дибала. Роналдо веднаш покажа дека не му е мило што тренерот Маурицио Сари го сменил, а неговиот тим бркаше победа. Додека излегуваше од теренот, Роналдо воопшто не сакаше ниту да се поздрави со Сари, а стратегот без проблем даде објаснување зошто го извадил од игра својот најдобар играч.

„Роналдо се лутеше, но не затоа што беше заменет, туку затоа што не е физички добар. Последните два дена чувствуваше затегнување кај глуждот, а го боли и адукторот. Затоа бев нервозен уште на полувремето, а кога видов дека во еден спринт направи движење кое не ми се допаѓа, решив да го сменам бидејќи ми беше страв да не се повреди“, објасни Сари.

 

- Оглас -

Најнови вести