Роналдо најави историски момент за фудбалот: Четврток е тој ден!

Кристијано Роналдо е подготвен да постави нов рекорд во светскиот фудбал, и тоа како играч со најмногу настапи во репрезентативниот дрес. Португалија утре на домашен терен на стадионот „Жозе Алваладе“ игра против Лихтенштајн, а Роналдо е подготвен да го одигра 197 натпревари за националниот тим.

Со настап против Лихтенштајн, Роналдо ќе го надмине рекордот на Бадр Ал-Мутава, кој за Кувајт има одиграно 196 натпревари.

„Рекорди? Јас баш сакам да ги рушам, се надевам дека така ќе биде и сега. Четврток е тој ден! Признавам дека тоа ме прави многу горд. Не само да играм утре, туку сакам да продолжам и да бидам фудбалерот со најмногу настапи за репрезентација“, рече Роналдо, кој со националниот тим се радуваше на европската титула, но далеку беше од освојување на светскиот трон.

- Оглас -

Најнови вести