Роналдо не се одбива, Де Лихт ќе потпише за Јувентус за 20 милиони евра по сезона

Матијс Де Лихт ќе потпише петгодишен договор со Јувентус, открива холандски „Де Телеграф“ и ќе заработува по 20 милиони евра по сезона.

Еден од најдобрите стопери во Европа има само 19 години и се очекува во Торино во следните денови, а трансферот според холандскиот медиум е вече договорен.

Ајакс ќе добие отштета од 70 милиони евра, што е највисока понуда за Де Лихт во конкуренција на гигантите Реал Мадрид, Барселона и ПСЖ, а играчот би требало да заработи над 100 милиони евра со бонуси за петгодишен договор.

Јувентус беше најупорен во трката да се ангажира19-годишниот капитен на Ајакс, кој блескаше минатата сезона и стаса до полуфиналето во Лигата на шампионите, а го одведе својот тим и до титулата во Холандија.

Еден од клучните моменти според „Де Телеграф“ е разговорот меѓу Кристијано Роналдо и Де Лихт по завршувањето на финалето во Лигата на Нации меѓу Португалија и Холандија.

Роналдо беше „фатен“ со камерите како разговара со стоперот на Ајакс, а Де Лихт потоа објави дека Португалецот го убедувал да потпише за Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести