Паузата за репрезентативни настапи, Кристијано Роналдо ја искористи да оди малку на одмор. Роналдо најави дека нема да игра за Португалија во мечевите од Лигата на нации, па затоа сега има неколку дена слободни.
Португалецот, заедно со својата девојка Георгина и синот Кристијано Јуниор, заминаа во Лондон. Синоќа решија да го гледаат мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Џон Иснер, што Србинот го доби со 2:0 во сетови. Во еден момент од играта, топчето летна кон ложата во која беа Роналдо и неговите најблиски.
Кристијано тргна да го фати топчето, но не само што не успеа, туку тоа заврши во главата на Георгина. Девојката на ѕвездата на Јувентус само со насмевка го проследи овој момент. Топчето на крајот заврши во рацете на Јуниор, кој го врати на терен. За среќа никој не беше повреден.
Never mind Ballon d'Or, more like Ball-on d'Floor…@Cristiano @juventusfc #NittoATPFinals pic.twitter.com/DdTc9FFmkc
— Tennis TV (@TennisTV) November 12, 2018