Роналдо останува во Јуве, а следното лето заминува таму од каде што почна

Италијанските медиуми долго време шпекулираат околу (не)останувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус, многумина сметаат дека тој ќе ја напушти Старата дама ова лето, но сега се појави информација дека Португалецот сепак останува до крајот на договорот во 2022 година и потоа како слободен ќе го напушти клубот од Торино.

Роналдо засега не успеа да ја оствари амбицијата со Јуве да освои ЛШ, сезонава потфрлија и во Серија А, па затоа се шпекулира дека тој сака да си оди. Го поврзуваа со Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, ПСЖ и Интер Мајами.

Новинарот Клаудио Рајмонди во телевизиска емисија рече дека има информација од прва рака дека Роналдо ќе остане во Јуве и во претстојната сезона.

„Тој не размислува летово да го напушти Јувентус поради приватни причини и спонзорски обврски. Нема шанса да се пензионира во Реал или Манчестер“, вели Рајмонди, според кој планот на Кристијано е по Јуве да се врати во Спортинг Лисабон и кариерата да ја заврши во својот матичен клуб во кој дебитираше во 2002 година.

 

- Оглас -

Најнови вести