Роналдо по 10-ти пат најдобар португалски фудбалер

Кристијано Роналдо е најдобар португалски фудбалер за 2019 година. Ѕвездата на Јувентус денес ја прими наградата во пресрет на собирот на националниот состав за квалификацискиот циклус за ЕП, а ова одличје го добива по 10-ти пат во својата кариера.

Во конкуренција за наградата, со Роналдо беа уште Бернардо Силва (Манчестер сити), Жоао Феликс (Атлетико Мадрид/Бенфика), Бруно Фернандеш (Спортинг Лисабон) и Рубен Невеш (Вулверхемптон).

Од 2007 година, па досега, Роналдо само во два наврати не ја доби оваа награда. Во 2010 година му припадна на Симао, додека во 2014 година Пепе беше избран за најдобар играч од земјата на европскиот првак.

https://twitter.com/FIFAcom/status/1168816246122582021?s=19

- Оглас -

Најнови вести