Роналдо потфрли против Порто, но во Италија нема стадион на кој не дал гол (Видео)

Јувентус попладнево по половина час игра поведе со 2-0 на гостувањето кај Калјари, а стрелец на двата гола за Старата дама беше Кристијано Роналдо. Португалецот кој потфрли во Лигата на шампионите и беше прогласен за виновник за елиминацијата од Порто, барем во италијанското првенство е расположен за тресење на мрежите.

Стадионот на Калјари е 18-тиот на кој Роналдо играл меч во Серија А, и постигнал гол. Сега веќе нема стадион во Италија на кој Роналдо играл меч, а не постигнал гол. Првиот гол на Сардинија против во Калјари му беше со глава, а вториот од пенал.

- Оглас -

Најнови вести