Роналдо поцрвене и сезонава остана без трофеј, прв гол на Бензема по пауза од 115 дена (Видео)

Екипите на Ал-Хилал и на Ал-Итихад ќе играат во финалето на Суперкупот на Саудиска Арабија.

Екипата која доминира во Саудиска Арабија, Ал-Хилал, со 2:1 го совлада Ал-Наср, со што го остави Кристијано Роналдо без трофеј сезонава.

Ал-Хилал на седум кола до крајот на сезоната има 12 бода повеќе од Ал-Наср, а притоа нема ниту еден пораз досега во саудискиот шампионат. Во азиската Лига на шампиони, Ал-Наср беше елиминиран во четвртфиналето од Ал-Аин, а вечерва остана без можност да игра за трофејот во саудискиот Суперкуп.

Победата на Ал-Хилал му ја донесоа Ал-Давсари и Малколм со головите постигнати во 61-вата и во 72-рата минута. Во последната минута од мечот, Садио Мане само го ублажи поразот на Ал-Наср. Роналдо пак во 86-тата минута доби црвен картон поради неспортско однесување, со лакотот удри противнички играч.

Во другиот полуфинален дуел, Ал-Итихад со 2:1 беше подобар од Ал-Вехда. Уште во првата минута, резултатот го отвори Карим Бензема, за кого ова беше прв гол за Ал-Итихад по пауза дури од 115 дена. Во финишот од првиот дел, Хамдалах зголеми на 2:0, а во вториот дел Ал-Вехда преку Ал-Еиса постигна гол, но немаше сили да постигне уште еден.

 

 

- Оглас -

Најнови вести