Роналдо резерва во дербито против Лацио?

Јувентус и Андреа Пирло наидоа на голем проблем во пресрет на вечерашното дерби против Лацио во Серија А. Наводно, Кристијано Роналдо не е 100% подготвен за настап и многу веројатно мечот ќе го проследи од клупата за резерви чекајќи шанса да заигра доколку е потребно.

Голем хендикеп ќе биде неиграњето на најдобриот стрелец на екипата ако се знае дека Бјанконерите целат на тоа да останат во трката за Скудетото. Италијанските медиуми тврдат дека Пирло ќе ризикува без Роналдо во стартните 11, со цел Португалецот да не се здобие со дополнителни проблеми во пресрет на реваншот против Порто во Лигата на шампионите, во којшто Јуве ќе брка негатива од 2-1.

Покрај Роналдо, за овој меч отсутни се капитенот Кјелини, Дибала и суспендираниот Фработа, додека Бентанкур е во изолација поради корона-вирусот.

- Оглас -

Најнови вести