Роналдо: Се надевам дека нема повторно да ме провоцираат

Кристијано Роналдо сезонава повторно ќе се врати во Мадрид, на мегдан против Атлетико Мадрид во рамките од групната фаза во Лигата на шампионите. Јувентус лани играше против Јорганџиите во нокаут-фазата и Старата дама успеа да победи со 3:2 по двата меча.

Тогаш тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, провоцираше по победата во Мадрид, а Роналдо веднаш му врати на реваншот, кога Португалецот даде три гола во Торино. Кристијано вели дека не очекува повторно провокација од навивачите на Атлетико, но не го спомна инцидентот со Симеоне.

„Се надевам дека сега нема да ме провоцираат навивачите на Атлетико и дека нема да ми зборуваат работи кои немаат врска со спортот. Се надевам дека и на теренот ќе биде вистинска борба. Тоа ќе биде само уште еден меч. Атлетико има одличен тим и тоа сите го знаеме. Играв долго време во Реал и одлично го познавам овој ривал“, рече Роналдо по синоќешната ждрепка на групите во ЛШ.

Главна цел нa Јувентус сезонава ќе биде токму освојување на трофејот во ЛШ.

 

- Оглас -

Најнови вести