Роналдо се враќа на „мала врата“ во Мадрид

Кристијано Роналдо ќе се врати утре во Мадрид, но причината не е фудбалска. Португалецот мора да се појави на суд за затајување данок, но веќе е договорено да плати 18 милиони евра и да биде осуден на две години затвор условно.

Не смее да го повтори прекршокот, а за тоа веќе нема ни подлога бидејќи се пресели од Шпанија и од Реал Мадрид во Јувентус.

Адвокатите на Роналдо побарале од судот и од градските власти во Мадрид да има зголемено обезбедување бидејќи се плашат за безбедноста на својот клиент.

Едно од барањата било и Роналдо да дојде во судот на една од споредните порти, но тоа не му е одобрено. Сигурно ќе има жежок пречек од дел од навивачите на Реал Мадрид, кои најавија присуство. Дел од нив сметаат дека популарниот ЦР7 го издал клубот со заминувањето во Торино, во редовите на Јувентус, но има и симпатизери на Реал што сметаат дека Португалецот не е виновен и дека бил принуден да си замине.

- Оглас -

Најнови вести