Роналдо стана најдобар стрелец во уште една категорија

Кристијано Роналдо брои три погодоци по два меча на ЕП, а вчерашниот во поразот од Германија го стави на врвот на листата најдобри стрелци комбинирано во двете најголеми фудбалски првенства, Светско и Европско.

Погодокот на Роналдо за историја.

Имено, Роналдо се израмни со Мирослав Клосе на 19 гола како најдобри голгетери на двата шампионати, оставајќи ги зад себе легендите како Герд Милер со 18, Јирген Клинсман со 16 и Мишел Платини со 14 погодоци.

До крајот на Европското, односно веќе во дербито против Франција, Кристијано ќе може да го подобри овој рекорд, односно да стане осамен владетел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести