Роналдо тешко ќе стане светец до 2022 година

Кристијано Роналдо тешко ќе стане светец до 2022 година и веднаш ги демантираше информациите дека ова лето ќе се пресели во Пари Сен Жермен.

Португалецот сака да остане во Јувентус до крајот на договорот што го има со Старата дама, а потоа е можно да ги засили популарните светци од Париз.

Извонредниот офанзивец има 35 години и вели дека уште може да игра на врвно ниво. Во Јувентус пристигна од редовите на Реал Мадрид во 2018 година во трансфер вреден 100 милиони евра, и плус бонуси од 12 милиони евра.

Со годишна плата од 31 милиони евра Кристијано е убедливо најскапиот играч во Серија А, лига во која како што вели ќе игра најмалку уште две сезони.

„Ретко има играчи на моја возраст што можат да направат трансфер од 100 милиони евра. Јас сум различен од сите, посветен сум на фудбалот и можам да играм уште долго. Затоа сум меѓу најдобрите во последните десетина години“, изјави Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести