Роналдо вели дека е нормално што ќе заработува 547.945 евра на ден

Кристијано Роналдо вчера беше промовиран како нов фудбалер на Ал-Наср во Саудиска Арабија. Ова е првпат Португалецот да заигра во клуб кој не е од Европа, а Роналдо едноставно објасни дека на Стариот Континент ја исполнил целата мисија и сега е време за нови предизвици за него.

„Многу луѓе сакаат да зборуваат за фудбалот и да даваат свое мислење, а малкумина знаат нешто за тоа. Во последните 10-15 години, фудбалот многу се промени. Сега играчите се многу поподготвени. Ако само за момент се олабавите, ќе загубите. Видете што се случи на Светското првенство, единствената селекција која го победи шампионот е Саудиска Арабија. Среќен сум што сум тука и не ми е гајле што зборуваат луѓето за тоа. Оваа лига е силна и многу израмнета, а јас со моето доаѓање сакам да ја направам уште посилна. Сакам да уживам во фудбалот“, вели Роналдо, кој открива дека имал понуди од Австралија, САД и Европа, но се решил да игра во Азија.

„Малку луѓе знаат дека клубови од САД, Австралија и Португалија ме сакаа во своите редови, но јас решив да дојдам тука. Сакам да го развиваме фудбалот во оваа голема земја. Знам што сакам, а што не сакам. Горд сум што ја донесов оваа голема одлука за мене“, рече Роналдо.

Според две и полгодишниот договор, Роналдо вкупно ќе заработи 500 милиони евра, односно по 200 милиони евра во сезона. На дневно ниво тоа значи дека Роналдо ќе добива по 547.945 евра.  Ова е најскапиот договор до историјата на фудбалот, а Роналдо вели дека тоа е нормално.

„Добив посебен договор, но секако и јас сум посебен, па затоа тоа е и нормално“, искоментира Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести