Роналдо со четири реченици се збогува од Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед вечерва и официјално соопшти дека Кристијано Роналдо повеќе не е нивен играч. Тоа значи дека Португалецот кога ќе се врати од Катар, ќе може да си најде нов клуб. Иако заминувањето на Роналдо од „Олд Трафорд“ беше проследено со драматичното интервју што го даде и кое едноставно беше најава за тоа што вечерва се случи, Португалецот на фин начин се збогуваше од својот сега веќе ексклуб.

„По разговорот со челниците на Манчестер јунајтед, постигнавме договор за прекин на соработката. Го сакам Манчестер јунајтед и неговите навивачи и тоа никогаш нема да се промени. Сепак, мислам дека ова е најдобар момент за мене да побарам нов предизвик. На екипата ѝ посакувам многу успех во продолжение на сезоната и во иднина“, беше пораката на Роналдо упатена по раскинот на договорот со Манчестер јунајтед.

По раскинот на договорот, веднаш започнаа шпекулации кој ќе биде следниот клуб на Роналдо. Некои го споменуваат Арсенал, други Њукасл, трети најавуваат негово враќање во Португалија или заминување во некој богат клуб надвор од Европа.

- Оглас -

Најнови вести