Роналдо во вторник ќе се врати во Мадрид

Кристијано Роналдо се очекува во вторник да се појави во Мадрид, но тоа нема да биде поради неговиот поранешен клуб Реал. Португалецот е поканет да биде на судењето на кое тој е обвинет за затајување на данок. Според даночните власти во Шпанија, Роналдо затаил 18,8 милиони евра.

Според најавите, се очекува Роналдо да се изјасни како виновен и потоа ќе добие условна казна затвор од две години, а ќе мора да плати и 5,7 милиони евра како оштета на Шпанија. Роналдо не е единствениот фудбалер со вакви проблеми во оваа држава. Претходно слично пројдоа и Лионел Меси, Хавиер Маскерано и уште неколку ѕвезди од Барселона и Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести