Роналдо за малку ќе заплачеше, но и самиот е свесен колку е очаен од позицијата од која некогаш блескаше (Видео)

Екипата на Ал Наср во која настапува Кристијано Роналдо, вчера го направи еден од најчудните пресврти, откако победи со 3:1, иако до 90+3 минута губеше со 0:1. Ал Наср беше голем фаворит за победа против Ал Батин, но гостите имаа водство дури и кога се играше судиското надополнување.

Судијата остави да се играат дополнителни 15 минути, а Ал Наср во периодот од 93 до 105 минута постигнаа три гола и на крајот победија. Кристијано Роналдо го одигра целиот меч, но не успеа нити да постигне гол, а го немаше ниту во асистентите.

Португалскиот ас на овој меч уште еднаш покажа една голема немоќ за нешто што во минатото може да се каже дека му беше специјалност, а тоа се шутевите од слободен удар. Роналдо имаше шанса од слободен удар да го загрози голот на гостите, но топката отиде високо над голот, а главната ѕвезда на теренот, се фати за глава и неговиот израз на лицето покажуваше колку е разочаран.

Не е толку страшно што Роналдо промаши вчера од слободен удар, но ако се погледне неговиот ефект во последните неколку години, тој е очаен. Ако се сметаат само мечевите во националните првенства, од 2014 година до денеска, Роналдо има изведено дури 153 слободни удари, а неговиот ефект е очаен со само шест погодоци. Тоа е ефект од само 4 отсто прецизна реализација, па не е случаен изразот на лицето по вчерашниот изведен слободен удар, кој може да го видите на 3:20 минута на видеото.

- Оглас -

Најнови вести