Рони О`Саливен е крал на снукерот, по шести пат стана светски шампион

Рони О`Саливен по шести пат во кариерата е светски шампион во снукер. Тој во финалето го надигра Кајрен Вилсон со убедливи 18-8 во фрејмови и на доминантен начин дојде до својата прва светска титула по 2014 година.

Популарниот Ракета сега има шест титули и само едно загубено финале. Клучна беше третата сесија, која Рони ја доби со 7-1 во фрејмови, откако по вчерашниот ден резултатот беше 10-7. Попладнево О`Саливен се одлепи толку многу, што Вилсон немаше никаква шанса за пресврт, па вечерва уште по првиот фрејм работата беше готова.

Титулата на Рони му донесе и чек во вредност од 500.000 фунти. Следна цел на 44-годишниот О`Саливен може да му биде да се изедначи со Стивен Хендри, кој со седум титули светски првак е рекордер во модерната ера на овој спорт.

- Оглас -

Најнови вести