Манчестер јунајтед, според информациите од Островот, планира голем трансфер во јануарскиот преоден рок и е подготвен да го донесе нигерискиот напаѓач Виктор Осимен на „Олд Трафорд“.
Новоназначениот менаџер Рубен Аморим, кој неодамна ја презеде функцијата, истакна дека му е потребно време за да ги постави основите за успех, но дека ќе бидат неопходни и засилувања за подигнување на квалитетот.
Осимен, кој моментно настапува како позајмен играч во Галатасарај, се чини дека е првата голема цел на Јунајтед за јануари.
Италијанскиот медиум „Ил Матино“ известува дека Манчестер јунајтед е подготвен да ја плати откупната клаузула за Осимен, која изнесува 70 милиони евра. Иако тој моментално е на позајмица во турскиот Галатасарај, договорот има клаузула која дозволува предвремено раскинување, што би му овозможило да се пресели во Премиер лигата.
Виктор Осимен се најде во конфликт со управата на Наполи претходното лето, што резултираше со неговото заминување на позајмица. Во Галатасарај игра одлично, постигнувајќи десет голови и пет асистенции на 13 натпревари. Неговиот потенцијален трансфер во Манчестер јунајтед би го направил идеално засилување за тимот во нападот.