Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, го изостави голманот Андре Онана од составот на денешниот дуел против Њукасл (4-1), а тоа е порака дека неговата иднина на „Олд Трафорд“ сериозно се доведува во прашање. Тој направи клучни грешки на мечот против Лион во Лигата на Европа и Аморим не можеше да премине преку тоа.
Се тврди дека Рубен Аморим го планира „новиот Манчестер јунајтед“ без Онана и поранешниот тренер на Спортинг веќе нема да се потпира на камерунскиот голман.
Кога станува збор за негова замена, Аморим се свртел кон Жоан Гарсија од Еспањол и Алекс Ремиро од Реал Сосиедад како негови главни опции за засилување на голманската позиција.
За Гарсија е заинтересиран и Арсенал, но и Црвените ѓаволи ќе се обидат да го доведат на „Олд Трафорд“.