Рубен Дијас му го сруши сонот на едно дете (Видео)

Каде и да се појави, Кристијано Роналдо е цел на многуте навивачи коишто сакаат да го фотографитаат, да добијат автограм од него или едноставно да го допрат. На дуелот меѓу Португалија и Босна и Херцеговина, еден португалски навивач клекна и дури му ги бакнуваше копачките на Роналдо.

Неколку дена подоцна, Португалија гостуваше на Исланд, а токму Роналдо беше стрелец на единствениот гол, доволен за победа на фаворитот. Додека фудбалерите на Португалија прославуваа, еден навивач втрча на теренот и сакаше да дојде до Роналдо.

Мисијата на овој млад навивач остана неисполнета откако Рубен Дијас изненадно се појави и го фати навивачот за рака, спречувајќи го да стигне до Роналдо. Потоа дојдоа и луѓето од обезбедувањето, па мисијата на овој млад навивач да го допре Роналдо, остана неисполнета, и тоа најмногу поради реакцијата на Рубен Дијас, кој се постави во улога на телохранител на Роналдо.

 

- Оглас -

Најнови вести