Руд се загреваше како Халанд, па го доби маратонот против Рублев (Видео)

Норвешкиот тенисер Каспер Руд конечно успеа да го победи Андреј Рублев, денеска со 2:6,7:5, 7:6 во меч за полуфинале на завршниот АТП турнир во Торино, а маратонот траеше два и пол часа.

За Руд ова е прва победа во кариерата против рускиот тенисер во нивниот шести меѓусебен дуел, а триумфот му носи полуфинале против Данил Медведев.

Со одличен старт Рублев најави нова победа, откако го доби првиот сет со 6:2, но потоа се случи голем пресврт.

Се разигра ривалот од Норвешка и со 7:5 успеа да израмни на 1:! во сетови. Драмата кулминираше во последниот сет, а Руд конечно успеа да го победи Рублев со одличен финиш.

Во тај-брејк го доби завршниот сет со 7:4, а имеше интересно загревање за мечот што одлучуваше за полуфинале.

Руд покажа дека е одличен жонглер и дека комотно може да игра и фудбал, а сега ќе мора да биде максимално сконцентриран и насочен кон тешката задача, да приреди подвиг против второрангираниот светски тенисер Данил Медведев.

https://twitter.com/jazdahubi/status/1461645828477493250?s=20

Во второто полуфинале Новак Ѓоковиќ за ривал ќе го има Александер Зверев.

- Оглас -

Најнови вести