Рулетот со неверојатни пресврти му донесе среќа на Ајнтрахт

Вистинска драма се случуваше во групата Ф, а настрада Стандард од Лиеж во двата меча што имаа неверојатни пресврти за крај на фазата по групи во Лигата на Европа.

Стандард водеше со 2:0 против Арсенал до 78-мата минута, но само за 180 секунди прими два гола и со реми 2:2 испадна од игра за пласман во Лигата на Европа.

А, убава шанса им понуди Ајнтрахт Франкфурт, екипа која доживеа пораз од отпишаниот Гимараиш со 2:3, иако водеше со 2:1.

Тука имаше два пресврта, а најпрво водеа гостите со 1:0, па Ајнтрахт успеа да поведе со 2:1 и да загуби со 2:3. Сепак, благодарение на Арсенал, популарните Орли заедно со Арсенал одат во нокаут-фазата.

Понатаму, по првата сеанса од последното коло се пласираа и: Севилја, АПОЕЛ, Малме, Копенхаген, Базел, Хетафе, ЛАСК, Спортинг, Селтик и Клуж.

Од 21 часот се играат последните мечеви од фазата по групи во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести