Руни го советува Саутгејт како да се победи Германија

Легендата на англискиот фудбал и Манчестер јунајтед, Вејн Руни, кој моментално работи како менаџер на второлигашот Дерби, го советува селекторот Герет Саутгејт да ја смени формација за осминафиналниот дуел меѓу Англија и Германија на Европското првентсво.

Првата рунда од нокуат фазата донесе две дербија, првото меѓу Белгија и Португалија кое ќе се игра вечерва, додека второто меѓу старите ривали е закажано за 29 јуни и ќе се игра на кулниот стадион „Вембли“, на којшто Панцерите немаат загубено од 1975 година.

Руни смета дека Саутгејт формацијата 4-3-3 е подобро решение со тројца играчи во средината, а при тоа да ги остави Грилиш и Фоден на клупа, додека Кејн да добие офанзивна поддршка од Рашфорд.

„Не се Грилиш и Фоден лоши играчи, ниту се покажаа лошо досега на ова ЕП, но промените кои би сакал да се направат се само поради тактиката на Германија. Различни противници бараат различни тактики. Затоа мислам дека доколку Хендерсон е фит, треба да игра заедно во средината со Рајс и Филипс. Рашфорд да биде заедно во нападот со Кејн така што ќе напаѓа од крилната позиција, а другата офанзивна страна да ја покрива било кој од Стерлинг, Сака и Санчо, нема да биде грешка“, посочи Руни за англиските медиуми.

Саутгејт досега се потпираше на формацијата 4-2-3-1 со „класична десетка“, позиција на која играа Маунт и Грилиш, тактика која донесе резултати за пласман во нокаут фазата, но играта на Гордиот Албион не беше посебно убава за гледање.

- Оглас -

Најнови вести