Русија загуби уште една битка со УЕФА, Грција испадна ќар

Русија нема да биде домаќин на Суперкупот на Европа и наместо во Казањ, како што беше планирано, шампионот на Европа и освојувачот на пехарот во Лигата на Европа на 16 август ќе играат во Атина, Грција.

Ова е одлука на Извршниот комитет на УЕФА, а беше очекуван епилог по инвазијата на Русија во Украина и претходните санкции на фудбалски план кон оваа земја.

Русите нема да играат квалификации за Европското првенство во Германија во 2024 година, клубовите им се исфрлени од еврокуповите, па и ваква одлука за Суперкупот беше очекувана од УЕФА.

Суперкупот ќе се игра на „Георгиос Караискакис“ во Атина годинава на 16 август, а стандардно за пехарот играат победникот во Лигата на шампионите и победникот во Лигата на Европа.

https://twitter.com/UEFA/status/1618284231225970691?s=20&t=07iccZaq_8vltXsMvrctwg

Во 2017 година и Македонија на Националната арена „Тодор Проески“ беше домаќин на двата шампиони, а тогаш Реал Мадрид како победник во ЛШ со 2:1 го победи Манчестер јунајтед, кој го освои пехарот во Лигата на Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести