Русите ќе му го запленат имотот на Хабиб Нурмагомедов, му се заканува и затворска казна

Легендарниот ММА борец Хабиб Нурмагомедов се најде во големи проблеми откако руските власти се подготвуваат да го запленат неговиот имот по обвинението дека затајувал данок.

На Нурмагомедов од 5 јуни му е забрането да ја напушти Руската Федерација, а правосилните органи започнаа со лоцирање на неговиот имот кој евентуално ќе биде запленет и продаден.

Досега се знае дека Нурмагомедов поседува куќа во Дагестан и голем број на скапоцени возила како што се: Ферари Калифорнија Т (300.000 долари), Мерцедес бенц АМГ ГТ-С (161.000 долари), Мерцедес бенц С-класа (122.000 долари), БМВ серија 7 (101.000 долари), Тојота Ланд крузер (85.000 долари) и Тојота Такома (44.000 долари).

Претходно, даночната управа во Русија ја блокираше сметката на Иглс органиазцијата која е проект на Нурмагомедов, но експресно пропадна, исто како и хуманитарната организација во сопственост на борецот.

Според пресметките, Хабиб на државата на име на данок должи 3,4 милиони евра, а неофицијални извори велат дека тие пари биле искористени за купување на хотел и започнување на старт ап бизнис проект во Турција и Обединетите Арапски Емирати.

Доколку биде прогласен за виновен, Нурмагомедов може да добие и затворска казна во траеше од шест години. Овој борец имаше перфектна кариера бидејќи во 29 борби забележа исто толку победи. Во спортска пензија замина во октомри 2020 година, непосредно откако почина татко му. Последната борба ја имаше против Џастин Гети.

- Оглас -

Најнови вести