Русите нудат решение: Подготвени сме да организираме повеќе мечеви на ЕП

Фудбалската федерација на Русија се понуди да биде домаќин на повеќе натпревари на претстојното Европско првенство кое треба да почне на 12 јуни. Според планот, во Русија требаше да се играат три меча од групната фаза, и едно четвртфинале на Еуро 2020.

Европската фудбалска унија, УЕФА, во вторник треба да одлучи дали ќе го одложи континенталното првенство за следната година. Засега сите најави се дека ЕП нема да се игра годинава, но ако се случи изненадување и сепак опстојат на ставот да се игра годинава во 12 различни земји, тогаш Русите нудат да организираат повеќе од четири меча.

Во Русија фудбалската лига не е прекината, пандемијата на коронавирус засега не ја загрози многу оваа земја, па затоа Русите нудат варијанта како План Б.

- Оглас -

Најнови вести