Русите се збунија – Моќен е Галасатарај вечерва, игра со 10-мина фудбалери на Баерн Минхен (Фото)

Русите се збунија во секвенца што е комична и го најавија гостинот од Истанбул со сосема погрешен тим вечерва, за мечот меѓу Локомотив Москва и Галатасарај.

На семафорот како најава за почетниот состав на турскиот гигант се појавија десетмина играчи на Баерн Минхен, а само тренерот на Галатасарај, Фатих Терим, e погоден во комплетно погрешниот состав на гостите од Истанбул.

Нојер е на голот на Галатсарај, а во комичната варијанта што се појави на семафорот на стадионот во Москва за гостите од Истанбул требаше да почнат и Ернандес, Алаба, Зиле, Павард, Горецка, Кимих, Коман, Толисо и Милер, сите играчи на Баерн Минхен.

There appears to be a mishap in the Galatasaray vs Lokomotiv Moscow game from soccer

Вечерва од 21 часот двете екипи играат меч од третото коло во фазата по групи во Лигата на Европа и по првото полуврем,е нема голови на Арената на Локомотив во Москва.

- Оглас -

Најнови вести