Руски атак над швајцарските тенисери: Рублев го елиминираше и Федерер

Андреј Рублев оствари нов сензационален триумф во Синсинати во вториот дуел против швајцарскиот тенисер. Младиот Русин по триумфот над Вавринка, се сретна со многу подобриот Роџер Федерер, но и за него имаше победнички рецепт и со 2-0 во сетови (6-3, 6-4) се пласираше во четврт-финалето на АТП Мастерс турнирот.

Дваесет и едногодишниот Рублев со два брејка на стартот од првиот сет поведе со 3-1, а украдените сервиси му донесоа и водство. Федерер имаше шанси за изедначување држеше егал сè до 3-3 во вториот сет, пред Русинот да дојде до нов брејк, што на крајот му го трасираше патот кон победата.

Рублев посебно ќе го памети овој дуел против Федерер бидејќи му е прв во кариерата и веднаш оствари голема победа. Во четврт-финалето противник ќе му биде сонародникот Данил Медведев.

- Оглас -

Најнови вести