Руски хулигани најавуваат крваво дерби меѓу Ц. ѕвезда и Партизан: „Слобода или смрт“ (Фото+Видео)

Црвена ѕвезда и Партизан в сабота на „Рајко Митиќ“ ќе го одиграат 159-тото вечно дерби во српскиот фудбал. „Црвено-белите“ се лидери на табелата и ќе играат на домашен терен, но Партизан сигурно нема предвреме да се предаде. Кога играат двата најголеми ривали, посебна „фешта“ е тоа што се случува на трибините.

Навивачите на двата клуба интензивно се подготвуваат за битката на трибините. Популарните Гробари со факли речиси запалија една улица во Белград и најавија дека се подготвени за најважното гостување на популарната „Маракана“. Моќно делуваше пораката која ја упатија Гробари, а може да ја погледнете ТУКА.

Ниту навивачите на Црвена ѕвезда не стојат со скрстени раце. Како домаќини, сигурно ќе направат спектакл, но денеска се појави една фотографија која внесе и страв. Во Белград веќе пристигнаа и руски навивачи од навивачка група Елитни одреди на Спартак Москва, кои се збратимени со Делии.

Русите, кои се познати како едни од најопасните хулигани, веќе испратија порака, и тоа директно од „Рајко Митиќ“. На стадионот на Црвена ѕвезда развиорија знаме на кое пишуваше „Слобода или смрт“.

Овие навивачи на Спартак се познати по тоа што направија големи инциденти на 148-то дерби во април 2015 година, кога почнаа да ја сечат оградата на трибината и започнаа тепачка со полицијата, но и се обидоа да стигнат до гостинските симпатизери.

https://youtu.be/RtcbaQxSL24

- Оглас -

Најнови вести