МОЌНО: Гробари ја запалија улицата како најава за дербито со Црвена ѕвезда (Видео)

Црвена ѕвезда в сабота на својот стадион „Рајко Митиќ“ ќе го пречека Партизан во 159-тото вечно фудбалско дерби на Србија. Иако Партизан е гостин, навивачите на „црвено-белите“ најавија инвазија на популарната „Маракана“.

Во еден кварт на Белград каде што се најголемиот број навивачи на Партизан, популарните Гробари направија фантастична најава за дербито. Наредени од двете страни на улицата, навивачите ја „запалија“ улицата и ги повикаа сите симпатизери на Партизан да бидат на јужната трибина на стадионот и да му дадат поддршка на гостинскиот тим.

Оваа најава на навивачите на Партизан многу наликуваше на тоа што неодамна го направија фановите на Зенит. Пред реванш-мечот против Фенербахче во шеснаесетфиналето од Лигата на Европа, руските навивачи со факли го осветлија целиот пат по кој одеше автобусот со играчите на Зенит. 

Погледнете како изгледа фештата на навивачите на Партизан.

- Оглас -

Најнови вести