Руски тенисери не смееја да играат на Вимблдон, а на крајот Русинка го освои трофејот кај жените

Елена Рибакина е сензационална победничка на женскиот дел од гренд слем турнирот во Вимблдон. Во финалето, Рибакина со 3:6, 6:2, 6:2 ја победи Онс Жабер од Тунис и стигна до првиот голем трофеј во кариерата.

Младата 23-годишна тенисерка е родена во Русија, живее во Москва, но сепак имаше право за настап на Вимблдон, затоа што на турнирот настапува под знамето на Казахстан. Организаторот на Вимблдон забрани настап на руски тенисери и тенисерки, но Рибакина пристигна како тенисерка од Казахстан и испиша историја.

Жабер која беше првата тенисерка од Африка што играше во финале на еден Гренд слем турнир многу подобро го започна мечот и го доби првиот сет со 6:3. Тоа како да беше знак за Рибакина да заигра многу подобро, п а следните два сета таа ги доби со по 6:2 и стигна до вредниот трофеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести