Рускиот Хулк има само 17 години (Видео)

Асхаб Тамаев, кој е 17-годишен ММА-борец, го имаше својот прв официјален настап во рингот и ја извојува првата победа. Тамаев е многу популарен во Русија поради неговиот изглед. Тој делува многу постар од врсниците, има огромни бицепси, вратот му е неверојатен, па затоа доби прекар Хулк бидејќи потсетува на истоимениот филмски јунак.

Тамаев на социјалните мрежи објавува клипови од неговите лудачки тренинзи, а неодамна одлучи да влезе во светот на ММА. Првата борба му беше против Филип Марвин, со кого си разменија жестоки удари, а на крајот Русинот извојува победа. Иако тој уште е далеку од врвен борец на ММА, има предиспозиции да стане ѕвезда во овој спорт, а првиот чекор веќе е направен.

https://www.youtube.com/watch?v=qclWZCDtVm0

- Оглас -

Најнови вести