28.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Сабаленка се повлече од Вимблдон

Третата носителка Арина Сабаленка се повлече пред стартот на гренслем-турнирот Вимблдон поради повреда на рамото. Белорусинката требаше да се сретне со американската тенисерка Емина Бектас, а по нејзиното повлекување шанса доби „среќната губитничка“ Ерика Андреева.

„Сторив сѐ што можев да закрепнам и да се подготвам, но моето рамо едноставно не ме слуша. Се обидов да тренирам за да си дадам уште една шанса, меѓутоа повредата ми предизвикува болки. Овој турнир ми значи многу, но, за жал, нема да можам да учествувам на Вимблдон. Се надевам дека ќе се вратам посилна следната година“, изјави Арина Сабаленка.

Таа минатата сезона беше полуфиналистка на Вимблдон и на Ролан Гарос, играше во финалето на Отвореното првенство на САД и ја брани титулата во Мелбурн.

- Оглас -

Најнови вести