Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка оствари лесна победа во првото коло на вториот гранслем сезонава, „Ролан Гарос“.
Белорусинката со 2:0 ја совлада Џесика Манеиро од Шпанија, а по сетови беше 6:4 и 6:2 по еден час и 16 минути игра.
Но, она за што најмногу зборуваат фановите по победата на Сабаленка не е нејзината игра на теренот, туку прославата на патот кон соблекувалната.
Таму таа застана на скалите и со заводлив танц испрати порака до Новак Ѓоковиќ.
„ОК, Новак. Што велиш за ова?“, рече Сабаленка по танцот на скалите.
Aryna Sabalenka having a dance off with Novak Djokovic after her win at Roland Garros.
“Ok Novak, how about that?”
😂😂😂😂 pic.twitter.com/lDdM0N6rl3
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) May 26, 2026
Така Сабаленка му „одговори“ на танцот на Ѓоковиќ од пред неколку дена, кога српскиот тенисер пред почетокот на „Ролан Гарос“ го прослави роденденот и заигра пред камерите.
Сабаленка во второто коло ќе игра против подобрата од дуелот меѓу Линда Фрухвиртова и Елса Жакмо.

