Саботен трилинг за добар почеток на Спортска прогноза, трката за ајфон 11 почнува во 16 часот

Шпанското дерби од осмото коло меѓу Атлетик Билбао и Севилја што почнува од 16 часот денеска ќе означи и старт на трката за ајфон 11 во осмото коло од Спортска прогноза.

До тој термин можете да се приклучите со свои прогнози во бесплатната игра во организација на Спорт Манија и на Sport Life со многу забава и убави награди.

На менито на новата Тринаесетка што ја организираме веќе трета сезона се исклучиво натпревари од Топ-5 лигите во Европа што е предизвик да се учествува во обид да се погодат максимален број на натпревари за прекрасниот ајфон 11.

На Спортска прогноза се наградуваат и утките, па за едно промашување се добива ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а дури и со две утки можете да стасате до ваучер од 500 денари.

За добар старт денеска треба да се погодат три натпревари, а покрај шпанската пресметка во Билбао, ќе биде интересно да се типува и на дуелите меѓу Борусија Менхенгладбах и Лајпциг во Бундеслигата и мечот меѓу Болоња и Калјари во Серија А.

Утре се играат 8 меча, а во фокусот е англиското дерби, додека финишот на осмото коло е во понеделник со два дуели од Премиерлигата меѓу Фулам и ВБА, односно Лидс и Лестер.

Стандардно и во ова коло има два резервни пара, а поените од овие натпревари важат во битката за Генералниот пласман и во трката за нов шампион во третата сезона на Спортска прогноза.

И тука ќе се доделуваат награди, но на крајот на сезоната. Победникот ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а дрим-тимот, односно првата петорка најдобри прогнозери ќе бидат наградени со многу поени од СЛ маркетот на Sport Life.

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести