САД и Австралија се зицерите на денот

САД – Франција (13ч –  Мундобаскет, четврт-финале)

Светските шампиони има зошто да бидат самоуверени во пресрет на пресметката против амбициозните Французи. Во досегашните три меѓусебни дуели против Триколорите, селекцијата на САД била поуспешна во сите од нив, но кога последен пат се сретнаа, американскиот состав беше многу поквалитетен од моменталниот.

Во салата во Донгуан, каде што ќе се игра оваа пресметка, вчера се случи едно изненадување (победата на Аргентина над Србија), па Французите веруваат дека може да се најдат меѓу четирите најдобри и да обезбедат место на олимпискиот турнир како втор европски тим покрај Шпанија. Американците до ова четврт-финале дојдоа без пораз, ги надиграа сите освен Турција, кога се провлекоа и покажаа дека имаат и слаби точки. Ефикасноста им падна во втората фаза, потфрлаат во реализацијата на шутевите за три поени.

Иако и едните и другите имаа квалитетни поединци, во овој меч главна улога ќе одигра подобрата одбрана, со тоа што Американците ќе сакаат уште во првото полувреме да завршат поголем дел од работата и да го обезбедат пласманот во топ 4.

Предлог тип: 1-1 & >164.5 (3.10)

 

Австралија – Чешка (15ч – Мундобаскет, четврт-финале)

Шпанија го чека победникот од овој дуел, а речиси е сигурно дека Австралија ќе се најде во полуфиналето. Кенгурите досега не му простија на ниту еден противник, додека Чесите едвај се протнаа во нокаут-фазата. Милс, Делаведова и Лендејл го играат шампионатот на својата кариера, а тоа ги мотивира да приредат уште едно брилијантно издание со кое ќе ја одведат Австралија до битката за големото финале, каде што досега немале прилика да бидат.

Чешка за првпат откако е самостојна држава учествува на еден Мундобаскет, што значи дека и овој пласман до четврт-финалето за нив е историски успех. Треба да бидат задоволни од нивното остварување знаејќи дека настапуваат без најдобриот играч Јан Весели, кој мораше да оди на операција пред стартот на Мундобаскетот.

Предлог тип: 1 двојна (1.90)

 

Колорадо рапидс – Ла галакси (12.09, 03ч – МЛС-лига)

На шест натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната во МЛС-лигата, тимот на ЛА галакси е во незавидна ситуација и го губи чекорот со останатите во обидот да обезбеди место во разигрувањата. Се чини дека не е доволен големиот Ибрахимовиќ со неговите атракции. Галакси веќе три меча нема триумф и му дозволи на Далас да застане на осмата позиција во Западната конференција.

Ако се знае дека дека против Колорадо во последните пет дуели освоил само четири бода, на тимот од Ел-Еј му се заканува нов неуспех, кој може потполно да им ги расипе плановите.

Предлог тип: Т22+ & ГГ (2.30)

 

Њујорк сити – Торонто (01ч – МЛС-лига)

Њујорк во изминатиов период е неприкосновен кон противниците, гази и дома и на гости, а се чини дека нема екипа која може да му застане на патот. Како првопласиран во Источната конференција, тимот на Њујорк веќе се гледа во плејофот, додека канадската франшиза е таа што треба допрва да го осигури своето место.

Меѓусебните дуели на овие две екипи ретко кога разочаруваат, ефикасноста никогаш не е проблем, а веруваме дека нема да биде ниту вечерва.  Торонто последен пат славеше во Големото Јаболко во ноември 2016 година, и тоа со убедливи 0-5, но се чини дека таков сличен резултат е невозможно сценарио.

Предлог тип: 1X & 2-4 (2.18)

 

Хјустон дајнамо – Минесота јунајтед (02:30ч – МЛС-лига)

Хјустон одамна нема западнато во ваква криза, веќе седум меча нема идеја како да освои три бода. Ниту Минесота не може да се пофали со добар учинок во последно време, но барем знае да ги искористи ситуациите во коишто е фаворит. Тексашкиот тим нема никакви шанси за пласман во разигрувањата, додека Минесота како трет најдобар состав на Западот е многу блиску да ја оствари целта.

На шест меча до крајот на регуларниот дел, има 45 бода, но тесна битка се води од третата до осмата позиција, така што секој бод е значаен. Последното гостување на Минесота во Хјустон заврши во корист на гостите, во ефикасен меч при конечни 2-3, а знаејќи дека од вкупно девет меѓусебни средби само две од нив завршиле без голови, многу веројатно е дека и ноќеска ќе биде возбудлив дуел.

Предлог тип: 1 (2.20)

- Оглас -

Најнови вести