САД може да останат без селектор, Покетино преговара со премиерлигаш?!

Репрезентацијата на САД доцна вечерва по македонско време го игра мечот од четвртфиналето на Голд купот, првенство на Северна и Централна Америка и Карибите, против Костарика, но јавноста во оваа сезона е во шок од најавите дека може да останат без селектор.

Премиерлигашот Брентфорд остана без тренер, откако Томас Франк се пресели во Тотенхем, па токму Марусио Покетино е еден од кандидатите за испразнетото место. Медиумите во САД тврдат дека Аргентинецот веќе разговарал со раководството на „пчелите“, а навивачите се лути поради овој потег на Покетино, иако нема официјална потврда дека такво нешто се случило.

Со оглед дека САД вечерва играат против Костарика, се очекува една од темите на прес-конференцијата после мечот да биде токму и можната преселба на Покетино во Брентфорд.

Аргентинецот седна на клупата на САД во септември минатата година и до сега на 15 натпревари има ефект од осум победи, шест порази и едно реми. САД заедно со Канада и Мексико ќе бидат домаќини на Светското првенство следната година.

- Оглас -

Најнови вести