Саинс победи на најдраматичната трка сезонава, Ферстапен го нема на пиедесталот

Карлос Саинс е победник на Големата награда за Сингапур. Возачот на Ферари стартуваше од пол-позицијата и во текот на целата трка беше одличен, а на крајот успеа да ги одбие сите напади и притисоци што ги имаше од ривалите и стигна до втората поведа во кариерата.

Во последните неколку кругови дури четворица возачи беа кандидати за победата. Саинс водеше пред Норис, Расел и Хамилтон кои беа веднаш зад него. Во последниот круг, притисокот не го издржа Расел кој удри во заштитната ограда и остана без пласман, па четвртото место му припадна на Луис Хамилтон.

Актуелниот Ф1 шампион, Макс Ферстапен ја заврши рекордната доминација од 10 победи по ред, откако на крајот во Сингапур заврши на петото место. И овој пласман за Холанѓанецот е успех, ако се знаее дека трката ја започна од 11 позиција.

- Оглас -

Најнови вести