Салах може да трча и по површината на водата без да потоне (Видео)

Мохамед Салах со новите копачки Х19+ на производителот „Адидас“ може да трча и по површина на вода без да потоне е пораката од рекламата на германската компанија. Главна ѕвезда во видеото е крилото на Ливерпул.

Салах ја шутира топката во водата, а потоа трча за да ја земе топката и се враќа сув. Рекламата е дека копачките се „магични“ и со нив можни се чуда.

Фановите на Ливерпул се надеваат дека Салах ќе прави чуда и во реалниот живот, на фудбалскиот терен. Веќе претстојниов викенд имаат тест против Арсенал, во дерби-дуел на единствените две екипи во Премиер лигата кои имаат по 6 бода од првите две кола.

- Оглас -

Најнови вести