Салах постави интересен премиерлигашки рекорд (Видео)

Голот кој го даде Мохамед Салах вечерва на „Иланд роуд“ во Лидс, е историски, бидејќи Египќанецот постави рекорд на Премиер лигата.

Салах е нов рекордер според бројот на голови постигнати со шут со лева нога. Фараонот има 106 голови во англиското првенство со лева нога, и го надмина Роби Фаулер.

Во топ 5 во оваа статистичка категорија се уште Робин Ван Перси, Рајан Гигс и Ријад Марез.

- Оглас -

Најнови вести