0.8 C
Skopje
недела, 11 јануари 2026

Салах со гол и асистенција го однесе Египет во полуфиналето на АКН (Видео)

Репрезентацијата на Египет е последниот полуфиналист на Африканскиот куп на нации, откако во драматичен меч славеше со 3-2 над Брегот на Слоновата коска.

Мармуш уште во четвртата минута ги донесе „фараоните“ во водство, а Рабиа во 32-рата минута зголеми на 2-0 по асистенција на Мохамед Салах.

Сепак, иако изгледаше дека Египет рутински ќе победи, Фатух во 40-тата минута си постигна автогол и го направи продолжението од мечот неизвесно.

Мохамед Салах во 52-рата минута зголеми на 3-1, а Дуе во 73-тата минута ги постави конечните 3-2.

Египет за противник во полуфиналето ќе го има Сенегал, додека другата двојка ја сочинуваат Нигерија и Мароко.

- Оглас -

Најнови вести