Салах со одлична реакција кога го прашаа да искоментира како заврши на седмото место во изборот за Златна топка (Видео)

Мохамед Салах уште еднаш покажа дека е лидер на Ливерпул одигрувајќи фантастичен дуел во градското дерби против Евертон. Египетскиот напаѓач даде два гола и беше еден од најзаслужните што Ливерпул стигна до најубедливата победа на „Гудисон парк“ во последните 39 години.

По завршувањето на мечот, Салах даваше изјава, а кога новинарот спомна за тоа дека тој заврши само на седмото место во изборот за Златната топка, ѕвездата на Ливерпул слатко се изнасмеа и рече дека нема коментар околу ова рангирање.

https://twitter.com/i/status/1466176993108631558

- Оглас -

Најнови вести