Ливерпул ги изеде Карамелите на нивен терен како никогаш во последните 39 години

Фаворитите Челзи, Ливерпул и Манчестер сити вечерва извојуваа победи во своите мечеви од Премиер лигата и се задржаа на првите три позиции на табелата. Лидерот Челзи и третиот Ливерпул ги делат само два бода.

Црвените го добија градското дерби против Евертон со 4-1 и ова е првпат по 1982 година Ливерпул да даде четири гола на лигашки меч на стадионот на Карамелите. Мохамед Салах е првиот член на Ливерпул по Фернандо Торес во 2008 година, кој на едно гостување на „Гудисон парк“ дал два гола.

Граѓаните до крајот стравуваа дали ќе победат против екипата на Стивен Џерард, но сепак издржаа и победија со 2-1, а со ист резултат победи и Челзи на гостувањето кај Ватфорд, во меч кој мина во знак на непријатната случка од 13-тата минута, кога еден фан доби срцев удар, па средбата беше во прекин околу половина час.

- Оглас -

Најнови вести