Салихамиџиќ: Алаба се прецени, не може да биде пред Левандовски и Нојер

Преговорите меѓу Баерн Минхен и Давид Алаба околу обновување на договорот повторно се во застој бидејќи агентот Пини Захави не попушта во намерата да го направи австрискиот репрезентативец најплатен играч во редовите на европскиот првак.

Барањето на Захави тежи меѓу 20 и 25 милиони евра годишна плата, услов кој Баварците немаат намера да го исполнат бидејќи во клубот има две ѕвезди кои се на прво место пред Алаба.

„Алаба може да живее во друга димензија и да има свои барања, но ние нема да ги исполниме. Секако дека сакаме да го задржиме во тимот, бидејќи се работи за врвен фудбалер, но едноставно не можеме во кризен период да правиме лудории. Алаба се прецени, не може да биде најплатен играч пред Левандовски и Нојер, неговиот агент Захави го знае тоа“, истакна спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

Бразилецот со австриски пасош, кој може под еднакво да игра на повеќе позиции, во изминатиов период се поврзуваше со Манчестер сити и ПСЖ, но и двата гиганти исто така не сакаат да му ја дадат платата која ја бара агентот на Алаба.

- Оглас -

Најнови вести