Само 12 минути, толку му требаа на Жоао Феликс за прв гол во дресот на Милан (Фото)

Милан ја победи Рома со 3-1 во четвртфиналето на Купот на Италија и во полуфиналето ќе игра со Лацио или Интер.

Тами Абрахам беше двоен стрелец за Милан, а во листата на стрелци се запиша и најновото засилување Жоао Феликс. Интересно е дека Абрахам за Милан игра како позајмен токму од Рома, додека Феликс е позајмен од Челзи, некогашниот клуб и на Абрахам.

На Португалецот Феликс му требаа само 12 минути по влегувањето во игра и дебито за Милан да го постигне својот прв погодок.

За Милан ова е 25-то куп полуфинале во историјата, повеќе од него имаат само Јувентус и Интер.

- Оглас -

Најнови вести