Само еден клуб одиграл повеќе мечеви во ЛШ без да стане европски првак

Ретко кој верува дека победникот од полуфиналето Атлетико Мадрид – Арсенал може да ја освои Лигата на шампионите, а една од причините е што овие два клуба се сметаат за „губитнички“. Атлетико и Арсенал се во топ 6 клуба кои одиграле најмногу натпревари во елитното европско клупско натпреварување, без да ја освојат титулата. Двата клуба имаат играно финалиња, но ги губеа.

„Вечно вториот“ Арсенал, е на второ место и на ова рангирање на клубови со најмногу настапи во ЛШ и претходно во Купот на европски шампиони, а немаат титула. Арсенал досега има 238 меча во ЛШ/КЕШ, и никогаш не го освоил натпреварувањето. Повеќе мечеви без титула има само Динамо Киев со 265.

Атлетико на реваншот со Арсенал во Лондон ќе се изедначи со Олимпијакос на петто место со 196 меча. Пред нив се само уште Галатасарај со 203 и Андерлехт со 200.

- Оглас -

Најнови вести